Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски си поднесе оставка од функцијата пратеник. Се враќа на претходното работно место – главен инспектор во град Скопје.
-Денеска сум известена дека пратеникот Мирослав Богдановски си поднел оставка од Парламентот, и јас не сум ја видела, но имаме седница на Парламентот и веројатно ќе биде ставена да се констатира на пленарна собраниска седница, тоа е процедурата, рече претседателка на ДОМ, Маја Морачанин во денешното гостување на Утрински брифинг.
На денешната собраниска седница ќе биде констатирана неговата оставка.