ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ГРЦИЈА: Утре и до +44 степени

од Stefanija Kuzmanovska

Температурите во Грција значително ќе се зголемат во следните неколку дена, за утре да достигнат дури 43 до 44 степени Целзиусови на копното, покажуваат најновите податоци на метеоролошката служба на Атинската национална опсерваторија.

Максималните температури во централните и јужните делови на земјата денес ќе се искачат на меѓу 39 и 41 степени Целзиусови, додека на северот од земјата тие ќе се движат од 36 до 38 степени, пренесува грчката агенција АНА.

Многу високи температури се очекуваат и на островите, кои во некои делови на Крит и источен Родос ќе достигнат до 39 степени.

Покрај тоа, концентрацијата на прашина ќе остане висока во западните делови на Грција.

Слични содржини