Преку унапредување на соработката меѓу АСИПИРСМ и Делегацијата на германското стопанство до нови странски инвестиции

од Берта Китинска
276 прегледи

Директорот на Агенцијата, Дејан Павлески оствари средба со Директорот на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс за унапредување на соработката во делот на привлекување на нови германски компании да инвестираат во земјата. Се разговараше за нови инвестиции во производството, но и за инвестиции во услугите кои можат да резултираат со значителен број на добро платени позиции.

Влезот на нови германски инвестиции во земјата покрај новите вработувања значи внесување на нови технологии во работењето, пренесување на знаења и можност на домашните компании за заеднички настап на нови трети пазари, а тоа ќе овозможи зголемување на потенцијалите за извоз на македонските компании и зголемување на конкурентноста.

Соработката како што беше оценето е од особено значење поради тоа што над 200 компании со германски капитал работат во земјата, а Германија традиционално е еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија. Во таа насока беше заклучено во иднина да се искористи огромниот потенцијал којшто го има во моментот од кој би произлегле заеднички инвестициски проекти и можности за остварување на нови бизнис партнерства помеѓу компаниите од двете земји.

Слични содржини