Павлески најавува: Фабрика за чипс, нови милионски инвестиции и вработувања

од Берта Китинска

Сакам да испратам една охрабрувачка порака, дека економијата полека се враќа во нормалнет тек, рече директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески кој  најави дека во земјава ќе биде отворена првата фабрика за чипс.

-Покажавме отпорност како економија и мислам дека сме на добар пат. Има доста заинтересирани инвеститори, нашата држава е препознаена како добро подрачје за инвестиции кое нуди многу поволности. Во тек се неколку инвестиции, но имаме контакти и со неколку компании за кои е извесно дека ќе инвестираат. Може да најавам нова фабрика за чипс која ќе биде прва и единствена во нашата држава, друга во Битола ќе инвестира пет милиони евра во проширување на своите капацитети со над 100 нови вработувања, ќе го развуват својот центар за истражувања и развој, истакна директорот откако претходно соопшти дека македонските компании може да се пријавата за наградите „go global” на Меѓунардониот трговски совет, рече Павлески.

Според него, има преговори и со компанија во делот на автомотив индустријата чија инвестиција се проценува на повеќе милиони евра и која треба да отвори над 1.000 вработувања. Исто така е извесно дека до крајот на годината ќе почне со работа и компанија од услуги и сервиси која ќе отвори нови 500 вработувања со солидни плати.

Слични содржини