Дизајнерските фармерки со што личат како измочани се распродадени, чинат 750 евра

од Илинка Илиоска

Италијанско – британскиот бренд за машка облека „ЏорданЛука“ (JordanLuca) креираше пар фармерки наречени Stain Stonewash со темна дамка во пределот на меѓуножјето. Фармерките го направија своето деби на модната недела во Милано и брзо станаа вирален хит, а многумина ги опишуваа како „измочани фармерки“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by USS Her (@herbyuss)

Имено, стратешки поставениот потемен дел од фармерките многу потсетува на непријатниот момент, но се чини дека тоа само ја зголеми нивната популарност бидејќи тие се веќе распродадени на веб-страницата на брендот. Ни помалку ни повеќе чинат 750 евра, а со снижување продажба 567. И доаѓаат во две бои на тексас.

Како што беше посочено од New York Post, „помочаните фармерки“ го имаа своето официјално деби на ревијата на колекцијата есен/зима 2023 година за време на Миланската модна недела.

Слични содржини