Влада за говорот на Џафери во Брисел: Mакедонскиот јазик за меѓународна употреба е прецизно утврден со Уставот

од Берта Китинска
495 прегледи

Претседателот на македонскиот парламент вчера во Брисел се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако според уставниот амандман 5 од 2001 година „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

Од Владат за „Локално“ велат дека единствениот официјален службен јазик на С.Македонија за меѓународна употреба е македонскиот јазик.

– Единствен официјален службен јазик на Северна Македонија за меѓународна употреба е македонскиот јазик, што е прецизно утврдено со Уставот.

Оттаму потенцираат дека не можат да коментираат за околностите под кои се реализираат настапите на претставниците на институциите кои не се дел од извршната власт.

Слични содржини