363
„Неповрзувањето на нашата земја со Бугарија со Коридорот 8 и со пад на железничката инфраструктура и доизградба на Коридорот 8 кон Албанија, ја прави нашата земја помалку конкурентна и ние мораме на нашите граѓани да им дадеме додатна перспектива“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Економски магазин“.
Тој додаде дека за екононмски автопатни решенија и патниот транспорт е поконкурентен отколку железничкиот сообраќај.
„Во време на ковид кризата, авиосообраќајот, патниот и железничкиот, кај патниците имаат пад, само транспортот на стоки е зголемен“, изјави Битиќи.