Од денес рестораните и кафулињата ќе примаат гости и во затворените простории

од Nikola Popovski
263 прегледи

Од четврток, рестораните во земјава ќе можат да примаат гости во „затворениот“ дел и да организираат свадби, прослави и свечености.

Според одлуката на владата, зафатеноста на ентериерот во угостителски објекти за свадби и други свечености може да биде максимум 40 проценти од капацитетот, но не повеќе од 250 гости со строга примена на протоколите.

Ограничувања на одлуката

Таа одлука да се ублажат некои од анти-ковидните мерки во угостителскиот сектор не важи за дискотеките, кабарињата и клубовите, на кои сè уште не им е дозволено да работат и да примаат гости.

Кафулињата и рестораните имаа забрана за работат како една од мерките за спречување на брзото ширење на британскиот сој корона на 5 април, но од 28 април им беше дозволено да примаат гости на терасите и градините, поради смирување на ситуацијата.

Слични содржини