Вардар1961 во новата сезона ќе биде посилен за уште двајца нови интренационалци кои доаѓаат од првенството на Франција. Екипата ќе има нови играчи на позициите на лев и десен бек, Диало Бакари и Јоел Куни Моралес.
Французинот Бакари Диало (27) доаѓа од тимот на Трембле. Тој во кариерата има настапувано во Франција. Од 2013 до 2019 година го носеше дресот на екипата на Понто Комбо. Потоа шест сезони во овој тим направи трансфер во Трембле каде што настапуваше во последните две години.
Овој лев бек сезонава одигра 24 средби за Трембле, а постигна 35 гола. Има процент на реализација од 61,4 проценти, а игра во двата правци. Претходно во сезоната 2019/20 на 18 натпревари имаше 38 гола и процент на успешност при шутот кон противничкиот гол од 62,3 проценти. Ракометарот располага со добар удар од далечина, но и со добра финта и лесен и брз пробив до линијата од шест метри.
Десниот бек Јоел Куни Моралес (34) доаѓа од тимот на Данкерк, Франција. Тој е кубански интернационалец. Како дел на Данкерк последната сезона играше на 28 меча даде 29 гола. Претходно две години беше член на Иври. Во сезоната 2018/19 на 13 меча даде 60 гола, додека во сезоната 2019/20 на 17 натпревари постигна 59 погодоци.
Моралес по заминувањето од Куба беше долги години во Португалија.Започна во Порто, настапуваше за Аванка во сезоната, 2012/13, потоа го носеше две сезони дресот на Мадеира, пред повторно да се пресели во Порто, каде остана вкупно девет години. Од Порто замина во Франција.
Вардар1961 ќе го почне подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. По четири дена во Скопје и извршување на потребните медицински прегледи тимот заминува за Златибор кад еостанува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германија.