Филипче: Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни

од Берта Китинска
130 прегледи

Само со масовна вакцинација ќе ја победиме пандемијата, друг начин не постои, вели министерот за здравство Венко Филипче.

– Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни. Последните информации кои пристигнуваат од Европската агенција за лекови се дека вакцините се ефикасни и за новите соеви што ни влева многу надеж. Прашање на време е кога индискиот сој на вирусот ќе стане доминантен во Европа, затоа е важно што поголем број граѓани да се вакцинираат во овој период на стабилна епидемиолошка состојба. Само заеднички може да се заштитиме и да амортизираме евентуален нов бран наесен, напиша Филипче.

Слични содржини