340
Близу 500 македонски граѓани денеска дошле во Врање за закажаната втора доза на вакцина против коронавирусот, а неколку стотици од нив ќе бидат вакцинирани за првпат.
Како што дознава српски „Новости“ во ЗЦ Врање, вакцинацијата со втора доза во Спортската сала е закажана за 490 граѓани на соседната земја. Тие ја примија првата доза во време кога вакцинацијата за граѓаните од Македонија беше без најава и закажување.
Во исто време, интересот на соседите за првата доза не опаѓа, така што, според некои проценки, околу илјада Македонци чекаат на имунизација пред Спортската сала во Врање.