452
Франција беше елиминирана во осминафиналето на Евро 2020, а некои навивачи на Франција, се чини, сè уште не го преболеле поразот од Швајцарија по изведувањето на пеналите.
За потсетување, Французите водеа со 3:1 на 15 минути пред крајот, а потоа Швајцарците изедначија на 3: 3. Мечот отиде во продолженија, па на пенали каде последниот не го искористи Килијан Мбапе.
Многу Французи се убедени дека швајцарскиот голман Јан Зомер не го одбрани правилно ударот на Мбапе, бидејќи пред ударот на Французинот тој излезе од гол-линијата и потоа се фрли десно, што е спротивно на правилата.
Еден од навивачите дури започна и петиција за повторување на натпреварот, а истата ја потпишаа 250.000 луѓе.