Османи: Преспа Форум за дијалог е новиот бренд на С. Македонија

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Изминативе два дена бевме сведоци на Конференција, Форум, за кој можам да кажам дека го реализиравме согласно сите прифатени стандарди за вакви настани. Успеавме да покажеме, но пред сѐ и себеси да си докажеме, дека сме рамо до рамо со нашите партнери и пријатели кога се работи за нашиот придонес во меѓународните односи,сподели министерт за надворешни работи, Бујар Османи.

Од денес, вели тој, Северна Македонија добива место на мапата на меѓународната заедница како сериозен партнер и точка од која произлегуваат позитивни иницијативи.

– Дел од светот каде што секој треба да се чувствува добредојден, и да биде дел од приказната што ние ја понудивме и заеднички ја споделуваме, посочи Османи.