Северина: „Ако крадците ми ја земеа облеката, јас лично ќе ги бркав низ Загреб“

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Станот на Северина Којиќ во Загреб беше ограбен во средината на јуни, а по тој повод крадците ја врзале нејзината куќна помошничка и украле накит и други скапоцености.

Имајќи предвид дека Северина не била таму и дека во нејзиниот пентхаус имало само куќна помошничка која била врзана од провалниците, пејачката се вратила набргу по грабежот и потоа дала изјава во полиција.

Со денови припадници на полицијата доаѓале и собирале докази со цел да ги фатат разбојниците кои, според некои информации, наводно однеле накит и скапоцености во вредност од 300.000 евра.

На крајот, пејачката изненади со изјава, среќна што крадците не украле нешто друго.

„Добрата работа е што тие не се фокусирале на фустани и чевли затоа што јас лично ќе ги барав низ Загреб“, се пошегува Северина, пишува „24сата.хр“.

Слични содржини