Се бетонираат дрвја на Кејот на Вардар

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Граѓани и активисти реагираат на новото бетонирање на дрвја во главниот град.

Тоа сега е случај со дрворедот на Кејот на Вардар во центарот на градот.

„На запад елиминираат паркинзи за да засадат дрвја, кај нас бетонираме дрвја“, коментираат активисти.

„Шилегов не асфалтира улици, ама бетонира дрва. Откако ги исече здравите дрва на „Орце Николов“ сега ги бетонираше тие на кејот“, велат пак од опозицискта ВМРО-ДПМНЕ.

Овој проект е во вредност од 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје.

Со реконструкцијата е опфатено целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот „13 Ноември“.

На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила.