Нереален рекорд на Европското првенство

од Stefanija Kuzmanovska
405 прегледи

Од 1960 до 2016 година, на Европските првенства беа постигнати вкупно девет автоголови, а на пет натпревари пред крајот на тековното континентално фудбалско натпреварување, бројот беше надминат. Имено, годинашното евро донесе дури 10 автоголови, што не било случај досега.

Јубилејниот десетти автогол го постигна Денис Закарија на натпреварот помеѓу Шпанија и Швајцарија.

По ударот на Жорди Алба, Закарија ја одби топката во сопствената мрежа, па на него му е препишан автоголот.

Слични содржини