Коалиција „Менуваме“ најавува протест и камп за социјална правда

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Продолжуваме со мисијата која ја започнавме, и не отстапуваме се до исполнувањето на нашите барања. Овој ПРОТЕСТ И КАМП ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, РАМНОПРАВНОСТ, НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ!!! ќе бидеме со шатори пред Собранието од 20 до 30 јули, во многу поголем број, со целодневна агенда и активности и работилници за деца и лицата со попреченост, велат во својата најава за протестот од „Коалиција Менуваме“.

Ќе им се обратиме на надлежните институции… да дојдат… да не видат… нас и нашите деца и лица… и заедно да разговараме за решенијата кои се однесуваат за нашите деца и лица со попреченост, сега и овде и на сите следни генерации…, се вели во повикот.