Мицкоски се „разладува“ на Шара (ФОТО)

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Западна Македонија.

„Со прекрасна група од ОК Тетово денес на Шар Планина, Лешница. Македонија на сите луѓе, Македонија вечна!“, сподели Мицкоски фотографии на кои се „разладува“ во Лешница, кои им се допаднале на над 3.000 луѓе.

Сепак некои фанови не се премногу среќни поради неговите „прошетки“ по Тетовско.

„Абе, дали сте нормални? Кога се потпишуваше Преспански, шетавте во Ресен,сега кога гославата дено во Охрид, вие шетате на Шара … „Опозицијо“, пишува фан.

„Убаво што си го уживаш животот здравиот воздух ,ама како им е на уставобранителите од 27 ми април. Направете нешто како не ви е срам и грев за тоа што им се случува“, вели друг.

„Абе претседателе каде шеташ во природа. Државата ни гори Ееј.!!!“,пишува трет.

„Едниот моторџија, другиот планинар …за Македонија?…Баш уво ги боли“, поентира корисник на социјалните мрежи.