Заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот, Метју Палмер за ТВ21 посочи дека убеден е дека ќе се постигне решение помеѓу Скопје и Софија во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на С. Македонија кон членството во Европската Унија.
„Сѐ зависи од засегнатите страни. Ние сакаме да ги поттикнеме да го препознаат потребниот компромис за напредок и да разберат дека тоа е во нивен најдобар интерес. Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Убеден сум дека може да се решат тие прашања. ЕУ мора да изнајде начин да ја покаже својата посветеност кон овие држави, да им го отвори патот и да ги отпочне меѓувладините конференции. Тоа е обврска на ЕУ и мора да ја исполни“, посочи Палмер.