Бројот на заразени со коронавирусот продолжува да расте во Токио три недели пред почетокот на Олимписките игри, а 716 нови случаи се потврдени.
Градскиот службеник рече дека бројот на нови пациенти постојано расте и дека повеќето случаи се млади луѓе на дваесеттина години, објави денеска државната телевизија НХК.
Денес се потврдени повеќе 182 случаи отколку пред една недела.
Токио и другите региони формално ја завршија вонредната состојба на 20 јуни, но вонредната состојба во пракса всушност останува во сила до 11 јули.
Олимписките игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август, со голема загриженост дали вирусот масовно ќе се шири поради тој настан.
Повеќето Јапонци се против одржување на Олимпијадата во сегашната ситуација.
Јапонската влада, локалните организатори и Меѓународниот олимписки комитет ветија дека Олимпијадата ќе се одржи во безбедни услови.
До 10.000 навивачи ќе можат да ја следат Олимпијадата, но сè уште не е исклучено Игрите сепак да се одржат зад затворени врати.
Странските навивачи не смеат да влегуваат на Игрите, пренесува Танјуг.