271
Роџер Федерер се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако во третото коло го совлада Камерон Нори со 3-1 во сетови. По два часа и 36 минути игра беше 6:4, 6:4, 5:7 и 6:4 во корист на швајцарскиот тенисер кој постави рекорд.
Федерер ќе игра 4-то коло на Гренд слем по 69-ти пат. Швајцарецот стана и најстариот тенисер кој стигнал до 4-то коло на Вимблдон по Кен Росвел во 1975 година. За потсетување, легендарниот Федерер ќе го прослави својот 40-ти роденден на 8 август.
Инаку, противник на швајцарскиот тенисер во осминафиналето ќе биде 27-от играч во светот, Италијанецот Лоренцо Сонего, кој во 3-то коло го совлада Џејмс Дакворт со 3: 0 во сетови.