Комисијата за заразни болести утре ќе решава дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој веќе се рашири низ Европа, и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.
Ќе се разговара и дали поради ширењето на делта-видот ќе се воведат некакви рестрикции.
„Треба да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која може да се заштитиме“, изјави Филипче.
Во моментов само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин. За останатите, влезот не е условен.