Фуере: ЕУ треба да започне процедура против Бугарија за сите случаи на корупција

од Vladimir Zorba
444 прегледи

Имаме ЕУ вредности, но за жал, Европската унија не ги почитува во одредени области, а една област која директно ја засега С.Македонија и регионот е политиката на проширување,која воопшто не функционира. Тоа покажува целосен неуспех на ЕУ за целосно разбирање на негативниот ефект кои последните ќорсокаци и бугарското вето го имаа не само врз шансите на владата за процесот на пристапување во ЕУ, туку и за граѓаните кои имаа перспектва за европска иднина, вели Ерван Фуере, поранешен ЕУ амбасадор во земјава, за ТВ 24.

Вели дека „ЕУ треба да започне процедура против Бугарија за сите случаи на корупција“ кои се евиндетирани и за кои реагираше администрацијата на САД.

– Но за жал ЕУ портфрли, вели Фуере.

Во однос на идентитетот и историјата, посочува дека обидите на нашиот сосед даги внесе овие елементи во процесот на проширување е дополнителен удар на политиката на ЕУ за проширување и ја подрива позицијата несамо во регионот, туку и во светот, затоа што не ги исполнува своите ветувања и заложби кон регионот.

– А доколку потфрли во своето непосредно соседство, тогаш нема повеќе смисла за ЕУ, така што итно е Унијата да го смени текот, истакна поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија.

Слични содржини