Истрагата сè уште не даде одговор на прашањето што предизвика уривање на 12-катната зграда, но инженерите укажаа на структурни недостатоци кои би можеле да ја предизвикаат оваа несреќа.
Остатоците од делумно срушената зграда во Мајами беа срушени до темел синоќа поради можно пристигнување на тропската бура Елза, која го напушти брегот на Куба, а метеоролозите најавуваат дека таа ќе пристигне до западниот брег на Флорида денес и утре.
По уривањето на станбена зграда во Мајами пред 11 дена, при што загинаа најмалку 24 лица и 121 лице се водат како исчезнати, градоначалничката на округот Деди, Даниела Левин Кафе изјави дека операцијата за спасување ќе продолжи по конечното уривање на зградата, пренесува „Ројтерс“.
Властите потврдија дека жителите на зградите во непосредна близина на демолираната зграда од 12 ката нема да мора да се евакуираат, но им беше препорачано да останат во своите станови за време на операцијата за уривање и да ги исклучуваат климатизерите поради прашина.