„Смешни се грчките хирови за промена на името на ФФМ“, смета новинарот Зоран Иванов, во изјава гостувајќи во емисијата „Само вистина“.
Според него, и Бугарите прават хирови со барањата.
„Посмешни нема. Се надевам дека за 10,20 години нови генерации во Софија и Атина ќе се смејат што правеле нивните предци“, рече Иванов.
За името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека сите невладини институции, приватни или правно-приватни субјекти во кои спаѓаат и приватни фирми и граѓански здруженија, ако примаат пари од Буџетот за нивни меѓународни активности, треба да го почитуваат Преспанскиот договор.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини вели дека нема промена на името на Федерацијата додека за тоа не одлучи Собранието на ФФМ. Тој тврди дека ФФМ не земала пари од државата, туку според Сејдини тие само ги проследиле до клубовите парите што ги дава Агенцијата за спорт и млади.