Пановски: Последната цена на една вакцина Синовак беше 40 долари, на АстраЗенека е 4 до 5 долари

од Nikola Popovski
427 прегледи

Микробиологот Никола Пановски смета дека вакцината Синовак, која последна пристигна во земјава е испитана и слична е на оние што се употребуваат со децении за грип.

„Има активен вирус и безбедна е. Од 55 до 65% се кажува дека се создаваат антитела, што е помалку од Синофарм, АстраЗенека и Фајзер. Сепак не треба да се одбие, бидејќи тоа е само доказ за антитела, веројатно создава и клеточен имунитет. Проблем е што таа е доста скапа и што можеби требаше некоја друга од економски аспект. Последната цена во март минатата година беше 31 долар, а во декември беше 40 долази за една. Се изненадив што СЗО ја призна за брза употреба во земјите со ниски приходи. За пример, АстраЗенека е 4 до 5 долари“, рече Пановски за дневникот на ТВ Сител.

Слични содржини