216
Секој граѓанин, без разлика дали е пријавен или не преку веб страницата www.vakcinacija.mk од следниот понеделник 12 јули ќе може да се вакцинира.
Филипче во објавата на фејсбук вели дека вакцинацијата ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.
„Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk“,објави Филипче.