Американците синоќа соборија сомнителен дрон над својата амбасада во Багдад, соопштија извори блиски до ирачките безбедносни сили.
Инцидентот се случи неколку часа откако беа истрелани ракети врз база во западен Ирак, каде што се сместени американски трупи.
Во тој напад немало жртви.
Ирачки безбедносни извори утрово соопштија дека американскиот одбранбен систем Ц-РАМ соборил сомнителен дрон во текот на ноќта.
Во Ирак има околу 2.500 американски војници како дел од меѓународната коалиција против џихадистите.
Од пристигнувањето на Џозеф Бајден во Белата куќа, извршени се 47 напади врз конвои на ирачката логистика на меѓународната воена коалиција или врз базите каде се наоѓаат американските војници.
Американските сили ги припишуваат нападите на проирански групи.