Клиника „Жан Митрев“: Се шири делта сојот, идентификувани двајца позитивни пациенти

од Берта Китинска
397 прегледи

Во Лабораторијата за Гентика и Персонализирана Медицина при Клиничката болница Жан Митрев во Скопје во текот на вчерашниот ден беа идентификувани двајца пациенти позитивни за делта сојот на SARS-CoV-2 (B.1.617.2) со што и официјално беше потврдено дека делта сојот се шири во Македонија, информираат од  „Жан Митрев“.

-Уште од самиот почеток на пандемијата, во лабораторијата редовно се врши секвенционирање на позитивните примероци со цел детекција на нови соеви во државата. Сите позитивни примероци за кои внимателно се утврдува дека се сомнителни за некој друг сој на вирусот, различен од доминантниот, подлежат на понатамошно секвенционирање и утврдување на конкретниот сој.Во овој случај беше детерминирано дека се работи за делта сојот, уште познат и како ,,индиски,, сој.Во јануари годинава во лабораторијата за прв пат во државава беше детектиран британскиот сој на вирусот. Од тогаш лабораторијата континуирано продолжува да ги применува светските препораки за редовно секвенционирање на вирусот и да ја следи појавата на нови соеви, како и нивната застапеност во државата, соопштија од болницата.

Слични содржини