Одличен потег на УЕФА: Ериксен и болничарите кои го спасија добија покани за финалето на ЕП

од Nikola Popovski
285 прегледи

УЕФА направи одличен потег, бидејќи ги покани Кристијан Ериксен, неговата сопруга и шестмина лекари на финалето на Европското првенство, но во овој момент нема потврда дали данскиот репрезентативец ќе дојде на Вембли, пишува „ЕСПН“ .

Еден од болничарите кој го спаси Ериксен откако имаше срцев удар на вториот ден од Европското првенство, рече дека му е чест да добие ВИП покана од претседателот на УЕФА Александар Чеферин.

– Возбуден сум, како дете на Бадник. Горд сум на мојот ангажман, но и на целиот тим. Не беше само напор на еден човек – рече болничарот Ерсгард, кој додаде дека би сакал Данска да го одигра финалето против Италија.

Слични содржини