Еида Ал-Хамуди Ал-Саедо (18), девојка од Сирија, била брутално убиена откако се обидела да побегне со својот љубовник и одбила да се омажи за свој роднина!
Имено, девојката биле одвлечена од членовите на племето во напуштена куќа и убиена со огнено оружје, што е таканаречено „убиство за заштита на честа“. Таа била убиена во напуштено село на периферијата на градот Ал-Хасаках во североисточна Сирија.
Еида се обидела да избега со својот сакан, но семејството и племето ја следеле пред да ја фатат, пренесува „Akhbaralaan.net“.
На вознемирувачкото видео кое кружи на Интернет, се гледа како Еида ја влече група од тројца мажи, кои носеле оружје, по што се слуша како вреска и моли за помош.
Кадарот потоа се пренесува на други мажи, кои стојат покрај ѕидот на напуштената куќа, пред да се слушнат три истрели.
Потоа можете да ја видите ранетата девојка како лежи на земја и се бори да стане, по што маж и приоѓа и ја убива со пушка. Телото на убиената девојка потоа е покриено со црвено ќебе.
We as activists strongly demand punishment for the killers of the "Hasakah girl after the family of the child #Aida_Al_Hamoudi killed her when she refused to marry her cousin.#Hasakah_girl_right pic.twitter.com/d63MXDLfSp
— Jiger hussain /جيكر حسين (@jigerhussein) July 5, 2021
Според извештаите на светските медиуми, татко ѝ и брат ѝ ја убиле Еида затоа што се вљубила во млад човек кој дури и ја запросил, но семејството ја забранило таквата заедница бидејќи тој е од друг клан.
По „убиство за заштита на честа“, семејството на Еида објавило видео на социјалните мрежи „со цел да објави чистење на срамот според нивните племенски убедувања“, се вели во соопштението на Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР).