206
Делта сојот пристигна и веќе започна да се шири. Можеби е дури веќе доминантен, бидејќи бројот на случаи со Алфа сојот беше занемарлив до пред една недела, далеку помал од денешниве бројки, пишува во својата нова анализа професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски.
-Ако досега имаше смисла контролата на границите, отсега повеќе нема. Увезените случаи веќе ништо не значат, а трансмисијата е локална. Сé им текнува отпосле (допрва ќе разговарале со властите од околните земји, бла, бла…), само колку да се каже дека нешто прават.Тоа ти е како отпосле да бараш пр..ер.атив. Ништо сега, опушти се и уживај…, пишува тој.