ДОБИ ДОЗВОЛА: „Евер Гивен“ од денеска смее да отплови од Суецкиот канал

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Товарниот брод „Евер Гивен“, еден од најголемите во светот во својата класа, доби дозвола да го напушти Суецкиот канал откако администрацијата на Суец постигна вонсудска спогодба со сопственикот на товарниот брод и осигурителната компанија.

Бродот „Евер Гивен“ ја изгуби контролата над својата навигација на 23 март, додека минуваше низ најјужниот вод на Суецкиот канал, пловеше со поголема брзина од дозволената и беше изложен на силни странични налети на ветрот, се заби во брегот и дијагонално го блокираше водниот пат , пренесува „Ројтерс“.

Администрацијата на Суецкиот канал побара отштета од милијарда долари од сопствениците, износот подоцна се намали на 600 милиони долари, а потоа беше постигната вонсудска спогодба за 550 милиони долари.

Слични содржини