„Позициите на Владата во однос на македонскиот јазик и македонскиот идентитет се познати, постојано потврдувани и јасни. Во секоја прилика Владата укажувала дека од нив нема да отстапи. Идентитетските црвени линии им се јасни и на граѓаните и на меѓународната јавност”, ова денеска на прес-конференција го истакна владиниот портпарол Душко Арсовски прашан за ставот на Владата за предлогот на владиниот коалициски партнер НСДП за консултативен референдум за преговорите со Бугарија со прашање дали РС Македонија треба да ги продолжи преговорите Бугарија онака како што таа ги бара.
159