Пријава против гостиварчанец: Турнал девојка додека шетале

од Nikola Popovski
179 прегледи

Против 53-годишниот Ш.З. од Гостивар е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, информира МВР.

Според податоците, пријавениот на 08.05.2021 околу 20.00 часот во Градскиот парк во близина на кејот на реката Вардар во Гостивар, додека бил заедно со оштетената А.О.(38) од Гостивар, ја турнал, при што таа паднала и се повредила.