Џонсон во дрес ги поддржува Англичаните во полуфиналето (ФОТО)

од Nikola Popovski
317 прегледи

Европското првенство е при крај и вечерва е последниот натпревар пред големото финале. Вечерашниот натпревар ќе одлучи дали Англија или Данска ќе играат против Италија. Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, на интересен начин го поддржа тимот на Англија.

Имено, Џонсон на својот Твитер профил објави фотографија каде стои со кренати раце и стиснати во тупаници, во дресот на репрезентацијата на Англија, додека на неговиот грб се испишани „Борис“ и бројот 10.

Во описот на фотографијата тој напиша:

„Стоиме позади вас Англија“.

Да потсетиме, Данците стигнаа до борба за пласман во финалето со победа од 2:1 над Чешка, додека Англија ја победи Украина со 4:0 и продолжи понатаму.

Foto:Mark Pain / PA Images / Profimedia

Слични содржини