Прегазена жена во Прилеп

од Берта Китинска
193 прегледи

На 07.07.2021 во 21.40 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Пере Тошев“, патничко возило „опел астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(52) од Прилеп удрило во пешакот В.Н.(51) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Н., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп“, информираше МВР.