Рамадани и Вандески македонски претставници на ЕП У23 во Талин

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Од денеска 8ми јули до 11ти јули во Талин, Естонија ќе се одржи Европското првенство до 23 години. Македонија ќе има двајца претставници.

Талин, Естонија ќе биде во центарот на вниманието на атлетските случувања во Европа. Овој град ќе биде домаќин на Европското првенство до 23 години. Континенталното натпреварување почнува од денеска се до 11ти овој месец, главната база ќе биде Кадриорг Стадионот.

Македонија ќе има двајца претсавници. Сенад Рамадани е пријавен на две трки. 20-годишниот Рамадани, денеска со почеток во 10:40 часот ќе се натпреварува на 400 метри, додека следниот ден 9ти јули со почеток во 12:40 часот ќе се натпреварува на 200 метри.

Во Талин ќе биде и Леонид Вандески. Неговата трка е закажа за 9ти јули во 16:05 часот, тој ќе се натпреварува на 3.000 метри стиплчес.

Слични содржини