„Не можете да се водите по емоции. Уставот не ограничува, не попречува, природно право е. Уставот е позитивен во тој дел и дава рамка, можност за најдобро можно претставување на институцијата и државата. Впрочем, кога се повикуваме на мое искуство, од пред 3 години, бевме ФИРОМ, во меѓународните односи, а никој од нас не го користеше тоа име“, изјави спикерот Талат Џафери, во емисијата „24 анализа“.
Според него, Уставот беше едно, а во ООН бевме ФИРОМ.
„Внатре или надвор не го кажувавме тоа име“, рече Џафери, и вели дека критиките кои доаѓааат од пратеничката Силјановска-Давкова и професорката Најчевска не се добар репер.
„Никој на Португалецот не му вика по секоја цена да зборува на португалски. Тој може да зборува на француски. Се зборуваат јазиците на членките“, додаде тој.