Се исклучува можноста за ново затворање во Грција

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Јоргиадис денеска ја отфрли можноста за нова блокада на земјата, што ќе го ограничи движењето на вакцинираните лица.

– Имаме зголемување на случаите – рече Јоргиадис во интервју за ТВ АНТ1 и додаде дека во овој момент нема притисок врз здравствениот систем, пренесува агенцијата АНА.

Како што се наведува, министерот рече дека тие веќе започнале со мерките, дека е потребно мирно да се справат со оваа состојба кога пренесувањето на делта сојот на коронавирусот е поголемо, како и да се следи состојбата.

Кога станува збор за можноста за целосно заклучување на земјата, министерот рече дека нема да дојде до тоа, бидејќи оние кои биле вакцинирани не се во опасност да завршат на интензивна нега.

Министерот додаде дека тие ја извршиле својата должност со самото тоа што се вакцинирале и дека никој нема право да им каже да останат дома.

Слични содржини