Се соочува со 8 години затвор: Медицинска сестра инјектирала бензин на пациент

од Nikola Popovski
277 прегледи

На медицинската сестра која инјектирала медицински бензин на пациент наместо физиолошки раствор во окружната болница во Чаковец, ѝ се заканува осум години затвор, објави хрватското Државното обвинителство.

Таа е обвинета за несовесно лекување што довело до смрт на пациентот, пренесува „Индекс.хр“.

По истрагата, општинското државно обвинителство во Чаковец поднело обвинение.

Како медицинска сестра задолжена за грижа за 62-годишен пациент на хемодијализа во просторија за самоизолација (поради неговиот контакт со позитивно лице од коронавирус) на 29 септември 2020 година во болницата во округот Чаковец, таа ненамерно вбризгала бензин наместо физиолошки раствор преку катетер во вратот при исклучување од машината за хемодијализа..

– Бензинот влегол во крвотокот, што довело до труење на организмот и откажување на неколку органи, поради што пациентот, и покрај итните мерки на реанимација и лекарска помош, починал истиот ден – посочуваат од Обвинителството.

Слични содржини