Министерството за внатрешни работи ги демантира лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев. Според нив, Апасиев повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста.
-Тој на социјалните мрежи објавува фотографија од неправилно паркирано возило, лажно обвинувајќи дека тоа е возило на МВР. Вистината е сосема различна. Спорното возило не е на МВР, а покрај тоа, на ова возило му изречена е соодветна санкција. Апелираме до пратеникот да почне да се однесува како пример за заедницата и наместо да со лаги и манипулации да покаже достоинство за функцијата за која го гласале граѓаните, велат од полицијата.
Лидерот и пратеник на Левица, Апасиев на својот Фејсбук профил објави видео од неправилно паркирано возило марка „Пежо“.
-Само си замишљам наместо Пежово, да беше Алфата!? Може и специјалци да ми викнеа p.s. Министре Оливер Спасовски. Вака ли сме сите исти пред “уставот и законите”?, стои во статусот на Апасиев.