Османи-Дендијас: Со имплементацијата на Преспанскиот договор, се отвораат нови можности за унапредување на соработката

од Nikola Popovski
329 прегледи

Имаме Договор за стратешко партнерство кој треба да го имплементираме во позитивен дух и со добра волја со цел да обезбедиме чиста основа за непречена комуникација и на граѓаните и на бизнисот, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи после средбата со неговиот грчки колега, Никос Дендијас, на маргините на Дубровник форумот.

Според него, со имплементацијата на договорот од Преспа, се отвораат нови можности за унапредување на соработката, која во континуитет ја надградува довербата меѓу двата соседи и претставува пример за добрососедски односи, пријателство и партнерство.

-ЕУ мора да најде начин за интеграција на Западниот Балкан со што и географски и политички ќе се консолидира континентот. Toа одамна не е само административен, ниту само политички процес, туку проект од највисок стратешки интерес и за нас, земјите од Западниот Балкан, и за Унијата, изјавил Османи на форумот.

Слични содржини