Атрактивната италијанска новинарка го анализира финалето на ЕУРО: Се надевам дека Саутгејт…

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Англија во недела од 21 часот ќе ја пречека Италија во финалето на Европското првенство на Вембли, а по тој повод популарната италијанска спортска новинарка Дилета Леота напиша колумна за „Сан“. Убавата Дилета даде своја проценка за шансите на своите сонародници, но и прецизираше кого не сака да гледа на тревникот.

„На Италија нема да и биде лесно со Англија на Вембли, дома и меѓу нивните навивачи. Англија има гранитна одбрана и во нападот Герет Саутгејт може да се потпре на силата на Хари Кејн и брзината на Рахим Стерлинг, двајца шампиони што би ги сакала да ги видам еден ден во Италија, па дури и да ги интервјуирам“, напиша таа.

Таа е изненадена од фактот дека нема место за sвездата на Манчестер Јунајтед во ударната постава на „Гордог Албион“.

„Јас сум изненадена што нема место за талент како Маркус Рашфорд во почетната постава на Англија. Мислам дека тој е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, заедно со Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Тој има техника, брзина, сила и креативност. Значи, се надевам дека ќе го остави Саутгејт на клупата и во недела навечер“, истакна Леота.

Слични содржини