Фоден го пропушта финалето на Европското?

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Англискиот играч за врска, Фил Фоден би можел да го пропушти последниот натпревар на Европското првенство поради повреда на стапалото. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт денес изјави дека повредата е „прилично мала“, но дека Фоден не е сигурен дали ќе игра на мечот со Италија.

Фудбалерите на Англија и Италија утре од 21 часот на „Вембли“ во Лондон ќе го играат финалето на Европското првенство.

Фоден (21) го пропушти денешниот тренинг на репрезентацијата, а досега одигра два натпревари како стартер во групната фаза на Европското првенство, а потоа влезе во игра во продолжението на полуфиналниот натпревар против Данска.

Слични содржини