Избори во Бугарија: Партијата на Борисов во минимално водство

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Политичката партија Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов, во коалиција со Унијата на демократски сили, има минимална предност откако беа обработени 89,14 отсто од гласовите од вчерашните парламентарни избори во Бугарија.

Централната изборна комисија утрово објави дека ГЕРБ освои 24,01 отсто (585.460 луѓе) гласови, а на второ место е партијата Постои ваков народ, предводена од музичарот и ТВ-презентер Слави Трифунов, со 23,48 отсто (572.365). пренесува ТАСС.

Бугарската социјалистичка партија е трета со 13,65 отсто (322.908).

Парламентарните избори се одржаа во неделата, а претставници на 23 партии се натпреваруваа за 240 пратенички места.

Слични содржини