Основниот кривичен суд: Утре завршни зборови за „Тендери“

од Берта Китинска
197 прегледи

Главната расправа за случајот „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборои за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, насрочена за 13.7.2021 година, се одлага со оглед да истовремено е насрочена и расправа по предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендeри“ по кој постапува истиот судечки совет и за која расправа е предвидено да се започне со давање на завршните зборови. Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 24.8.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Истрагата за предметот со кодно име „Тендери“ беше отворена на ден 20.10.2016 година, а на ден 29.06.2017 година е поднесен обвинителен акт против 3 лица за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Слични содржини