Најсилниот политички противник на ГЕРБ на Бојко Борисов, Слави Трифунов од Има таков народ“ го престави кабинетот во телевизиско обраќање, при што ги опиша и приоритетите на предложената влада.
„Поднесување на апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам се што е возможно, да испратам маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам се што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон ѕвездите“,изјави Слави Трифунов.
Лидерот на Има таков народ, денеска најави формирање на влада. Иако резултатите не се јасни и со ГЕРБ си диѓат во врат, тој го прочита целиот состав на неговиот владин кабинет во кој нема улога за него лично.
-Слушнав и прочитав секакви работи за мене – предлози, лаги, секакви глупости. Ние не правевме само ТВ-емисии, реализиравме многу каузи. Се се пред вас. Ме чуди што сè уште има луѓе кои не разбираат што правиме. Ние го правиме она што моралот и законот ни велат да го правиме, изјави Трифонов во видео обраќање.