Вучиќ: Станувам и легнувам со мислите за Косово

од Nikola Popovski
191 прегледи

Претседателот Александар Вучиќ денес беше прогласен за почесен граѓанин на Звечан, а клучевите на градот ги прими во негово име директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на свечената академија по повод 30-годишнината од основањето на општината.

Вучиќ беше прогласен за почесен граѓанин поради неговата посветеност на зачувување на Косово и Метохија и бројните инвестиции во покраината, особено во Звечан.

„Што и да кажат злобните јазици, а тие дури и не заслужуваат да бидат споменати на овој голем ден, Косово и Метохија, како и досега, ќе бидат мојата прва мисла кога ќе ги отворам очите наутро, а последната мисла кога ќе ги затворам моите очи навечер. Сè додека се почитуваат мојот збор и волја, од Звечан ќе се вее само знамето на српската тробојка, бидејќи ако Звечан не е Србија, тогаш што е Србија“, истакна Вучиќ.

Тој им го честиташе на жителите на Звечан, Денот на општината, посакувајќи им да го празнуваат уште многу години во мир, хармонија и напредок и свесен дека државата Србија е секогаш тука за нив.