Темната страна на прославата во Италија: Загина 22-годишник, едно лице останало без три прсти

од Nikola Popovski
303 прегледи

Италијанската полиција вчера објави дека загинал 22-годишно момче во славје по освојувањето на европската титула во фудбал.

Едно лице почина на Сицилија за време на прославата на титулата европски шампион, што ја освои италијанската фудбалска репрезентација, објавија денеска тамошните медиуми.

Во Милано, 15 лица беа повредени, од кои три потешко, за време на прославата.

Едно лице останало без три прста кога во неговата рака пукнала петарда.

На југот на Италија, полицијата во градот Фоџа претпоставува дека платен убиец застрелал едно лице и побегнал на мотор искористувајќи го метежот предизвикан од прославата.

Локалните медиуми известија дека во оружениот инцидент тешко е повредено шестгодишно девојче, внука на застреланиот маж, кое со тешки повреди е пренесено во болница.

Слични содржини